Tuesday, May 8, 2012

Запознавање на Парну,првиот ден на работа,...


Појдовме во Nooruse Maja-во превод што би значело Невладина организација или културна куќа,или приватно школо,кое има разни секции,како приватни часови за странски јазици,за танци како-фолклорни танци,модерни танци,балети,латино танци,зумба,часови по порцелан,драмска секција,часови по компјутери,и многу други културни активности.Ја разгледавме,внатре,пријатна атмосфера за работа,ги разгледавме училниците,коридорот,канцеларијата во која повеќе од времето ќе го поминуваме таму заедно со Uudo,неговата сопруга Kaie,секретарката Helin,јас и се разбира другиот волонтер Pierre.Ми се допадна ентериерот во куќата,на два спрата е и дизајнот внатре беше складен  во однос на градбата на куќата,боите се вклопуваа,исто така имаат и кафетерија со шанк,и мини кујна каде што ќе можеме да јадеме,исто така имаат и благи,солени јадења како и безалкохолни пијалаци за децата и за учителите за време на паузите,и задолжително чај,и кафе.

Вработените што ги запознавме беа љубезни и фини,исто така запознавме некои и од учителите таму,па и веднаш добивме и покана од професорот Batler,по социјологија од колеџот Тарту,кој што не покани да одиме со него веќе третиот ден,и да го разгледаме колеџот како и да се претставиме заедно со Pierre пред тамошните волонтери и студенти,и да им кажеме и појасниме зошто сме тука,импресии,како и кратки биографии за нас и за нашите животни искуства од минатото од каде што доаѓаме.Можам да кажам дека убаво си помнавме,луѓето внимателно не слушаа,беа заинтересирани,ни поставуваа прашања,и после тоа оставивме контакти,за во случај полесно да запознаваме луѓе,но и доколку се заинтересирани за нешто,да имаат контакт како би не информирале.Така да веднаш примивме емаил од една многу фина млада девојка,студентка како и волонтерка Kadi која ни беше првиот пријател што го запознавме во Парну,и која несебично се понуди да ни биде водич,и да ни помогне доколку нешто не ни е јасно или нешто ни треба,дуру да се снајдеме,или пак сакаме да посетиме места и да го истражуваме и запознаваме градот,па да знаеме и да имаме во предвид дека е таа тука во секое време за нас.

No comments:

Post a Comment