Tuesday, May 22, 2012

времето леташе... :/


Пак враќање во реалноста,си се качивме во автобус и за Парну.... 
Како и да е прекрасен викенд,ете уште едно гратче плус,нешто ново,полека полека се навикнувавме на Естониа,ја учевме,и се повеќе се интересиравме,и се повеќе имавме во план да одиме и шетаме некаде додека сме послободни.

Ете и Април си замина,времето леташе неусетно,а од тоа најмногу се плашев,дека убавите моменти секогаш брзаат,и дека ќе дојде денот кога ќе треба да се вратиме и да заврши се.
На работа пак си одевме,на 1 Мај бевме информирани дека ќе дојде уште еден волонтер овде во Парну,момче од Шпанија,и дека ќе работи во клиниката за ментални лица,и лица со посебни потреби,каде што јас имав часови.

Така да дојде и тој ден кога го запознав Исмаел,нетипично име за Шпанец и тоа католик,но сепак имаше типично шпанско презиме.

Се запознавме во центарот,му помогнав за во банка и за некои работи,затоа што сепак него прв пат му беше и не знаеше баш се а ние како прво дојдени тука,па почнав да му кажувам што е каде е,што има,во градот,каде може да најде тоа што му треба,и се што сака да ме праша дека сум му на располагање во секое време.

Ни поминуваше интересно времето,на работа,јас си поминував доста исполнето и во Паевакескус центарот,каде што бевме заедно со Исмаел,со една девојка која ја запознав таму исто како социјален работник Aili од Естониа –Тарту,студира во Парну,и на пракса во Паевакескус,и исто така запознав еден дечко од Парну,Roman русин,но живее во Естониа,исто така и тој е на пракса во центарот.
Запознав и многу други социјални работници,психијатри,кои се доста фини,и со кои си разговараме за клиентите,си помагаме меѓусебно,учам доста нови работи за нив,многу интересно ни поминува времето со нив,барем нешто се работи,и не е досадно,и сакам да сум активна и вклучена во настаните,не сакам да бидам пасивна,и да немам задачи,или работа.

авантурите во Тарту...


Но сепак многу интересно дожививање,и искуство,бидејќи тоа беше прв пат за нас,и бидејќи бевме таму веќе и заедно интересното беше што сите уживавме во тоа,иако ни беше малку чудно,во природа треба да се снајдуваш,немаш ништо да дофат,но барем интернет што е најважно имаат секаде низ Естонијава.
Без тоа не се живее,исто така и сауна мора да има,па вечерта само што се сместивме веднаш ги зедовме крпите и во сауна,заради тоа што тоа е најважниот дел,и не може туку така да се прескокне па затоа крпите во рака,виното со нас и веднаш во сауна.
 Како и да е беше интересна вечер,иако беше касно сепак уживавме во сауната,во разговорот меѓусебе,и иако бевме повеќе девојки и само Pierre и уште еден пријател од селото кој беше само кратко таму и ни ја припреми сауната.

Значи вечерта помина интересно,забавно,и бевме само неколкумина,ни недостасуваа и другите но сепак имавме интересно искуство,завршивме со сауната и полека се спремавме за спиење,сите спијавме во иста соба,три на душек на под,и двајца на кревет,но пред да заспијаме се разбира малку смеење,забава,сликање,и после сите уморни од зборување,како и од шетање цел ден,нормално и сауната те успива,баш после сауна се чувствуваш дека ќе спијаш како јагне,па и заспавме неусетно баш како јагниња.

Утрото се разбира јас како и секогаш со моето понекогаш необично будење,и прилично рано,станав околу 8 и како аларм почнав да ги разбудувам полека сите,затоа што времето беше прекрасно надвор,и сонцето не повикуваше на прошетка низ прекрасната природа,да прошетаме низ шумата,да подишиме свеж воздух.
Така и направивме полека сите се раздбуија од длабокиот сон,па направивме јадење и се спремивме за прошетка.
Навистина беше интересно,воодушевувачка природа,високи дрвја,водата од реката исто така беше премногу чиста и мирна и прошетката исто така беше и прекрасно времето,за релаксација,но во план ни беше и да ги запознаеме некои од практикантите таму,како и луѓето со посебни потреби,затоа што тие живеат таму,и Heli работи со нив,тоа село е специјално за такви лица да седат и за волонтери или социјални работници кои би работеле со нив.
Имаат и различни куќи,каде спијат,каде можат да играат некакви игри,каде можат да изработуваат нешто,доколку сакаат,имаат скоро се,и куќите им се прилично нови,градбата и ентериерот внатре прекрасни,да не очекуваш дека во такво село може да имаат доста интересни куќи со добар изглед како однадвор така и одвнатре.

Се запознавме со нив,исто така поигравме некои игри во салата каде што најчесто го поминуваат времето,иако не знаеа англиски,зборувавме и користевме раце,или насмевки затоа што на такви луѓе доволно е само да им се насмееш и се ќе биде во ред,или да им кажеш ОК и доволно им е за да не станат агресивни,или досадни.

Некои од волонтерите се исплашија,зошто секој не може да гледа такви луѓе,ниту може да поднесе да биде во близина,но сепак ништо страшно не се случи се си беше во најдобар ред и полека се прибиравме за да го фатиме автобусот од селото до автобуската станица и да си одиме дома затоа што доживувањето и викендот во Тарту и во селото заврши.

Викенд во Тарту!


Дојде викендот,се решивме дека ќе одиме за Тарту,се спремивме и саботата утрото заминавме.
Времето беше прекрасно,доста топло,сончево,прекрасно за шетање,ги чекавме да стигнат и Alicja со  Ekaterine,нејзината цимерка,зошто другите не се решија да дојдат,кој имал работа,кој не можел,кој бил зафатен,...
Но сепак како и да е колку бевме толку. 
Ние стигнавме најпрви,и се чекавме сите на автобуската станица,па стигнаа Alicja  со цимерката,па Heli со другарка и,па така се договоривме да ги оставивме торбиците кај другарка и,бидејќи  живееше блиску,и ние да шетаме низ Тарту,да јадиме,и да ги гледаме студентските игри кои почнуваа попладнето,во центарот кај мостот.

Тарту беше прекрасно гратче,одоколу со многу големи и модерни згради,а во центарот стилот беше сличен како во Талин,но помал,исто така бевме да јадиме во еден италијански ресторан и беше доста вкусно,се шетавме низ градот,центарот,видовме знаменитости,споменици,парк во центарот каде што имаше и планетариум,бевме после и во близина на центарот кај мостот од реката каде што студентите се припремаа да играат игри во водата,скокаа во вода со јажиња и имаа интересни и забавни игри,многу луѓе гледаа седеа во тревата и се забавуваа заедно со нив,така и ние,се смеевме се сликавме,и ни поминуваше доста забавно и интересно времето.
И се шетавме секаде,го запознававме подобро градот,бевме во еден ботанички парк,прекрасен,убавина,бев воодушевена колку прекрасно и природно изгледаше,после го разгледувавме центарот,градбите,како и шетавме низ молот кој што беше прилично голем,и кој што имаше се и сешто внатре. 
И полека се ближеше времето да се прибираме,па пред да одиме во селото,бевме во еден англиски паб Биг Бен,и таму си поминавме прекрасно,јадевме разговаравме и имавме забава,го сретнавме капетан Морган”,имаа нешто како промоција,па еден дечко облечен исто како капетан Морган,одеше од маса на маса и изведуваа игра како забава да го отворат гостите ковчегот,и да видат дали ќе успеат во тоа,но интересното беше што кој и клуч да го одбереш со секој можеше да се отвори,и следува капа капетан Морган,блуза,или привезок,па така да секој си одбираше.
Од нашата маса Pierre се обиде и си одбра капа.Така да полека полека требаше да се спремаме и да си одиме за да го фатиме и последниот автобус за во селото Марија Куила.Бидејќи беше скоро 22:00 часот,еден час ни требаше за да стигнеме во селото.
И тоа го направивме и кога стигнавме само можам да кажам дека тука почна интересниот дел,бидејќи автобусот не остави на автопат,како пустелија,и тоа беше најинтересното доживување,бидејќи немаше ништо,ни осветленост,туку само шума со високи дрвја,и по патот требаше да внимаваме да не згазиме жаби затоа што ги имаше во голем број,и кога одевме по пат за да стигнеме до куќата на Heli каде и што беше сместена,требаше да пешачиме околу 10-15 минути,но по пат страшно,и почнавме да се смееме и да се зафркаваме меѓусебе како можи да живее,дека ние не можеме да издржиме ни еден ден,неосветлено,нема ништо освен пет шест куќи,на едно место,сауна,и шума со река,немаат друго ништо,ни продавница,ни болница,ни ништо тоа беше интересно како за преживување.

....


Полека си заминуваше и Април,но во меѓувреме,дознавме лоша вест дека треба да се селиме од апартманот и дека треба да бараме нешто ново.

И бевме изненадени,и тажни,бидејќи се разбира не сакавме да се преселуваме,штотуку се навикнавме,и локацијата ни беше перфектна,се ни беше блиску,па до 15-ти Мај веќе требаше и да бидеме одселени.

Април си заминуваше полека,времето во Парну се менуваше,и беше различно,или топло сончевое,или ветровито,или врнежливо,или некогаш доста ладно време.

Јас се решив еден викенд пак да одам за Талин и да ги посетам пријателите,си поминав прекрасен викенд,бев сама,шетавме во Талин секаде,времето ни се погоди,така да доста интересно си поминав тој викенд.

Инаку кога сум слободна за викенди,или шетам некаде или пак некој ми иде на гости,или со моите пријатели од Парну се собираме и се договараме  да одиме некаде.
Така да викендите ни се доста резервирани и испланирани пред време,така што се решивме да одиме и еден викенд за Тарту,заедно со Pierre,и со другите волонтери,бевме поканети од страна на девојката од Чешка,Heli,бидејќи тоа беше фестивал на студентите,Тарту е познат по студентскиот живот таму,и планот беше да одиме сите во Тарту и после кај Heli во селото каде што работи и живее,а тоа е еден саат оддалечено од Тарту.

Friday, May 18, 2012


На работа почнавме да се трудиме повеќе,јас почнав да и да посетувам еден психијатриски центар,и да работам со луѓе со посебни потреби,со различни дијагнози,па му давав часови Зумба,релаксација со музика,работам со нив,зборувам на секакви теми,затоа што повеќето од клиентите и знаат англиски и се трудат со мене да зборуваат на англиски,исто така играме игри,се дружиме,цртаме,правиме некои интересни уметнички дела,имаме часови по спорт,имаат секакви терапии,за релаксирање,Гонг-терапија,како и да е времето таму ми е прекрасно поминато,затоа што луѓето се навикнаа на мене,ме обожаваат,што и не е баш лесно да работиш со такви луѓе,повеќето од нив се нервозни,или стануваат понервозни па затоа треба да си трпелив и да ги ислушаш. 

Како и да е си поминувам интересно таму,ме исполнува тоа што работам со нив,искуство плус во животот,и не ми е тешко,единствено што треба секој ден да си со нив расположен,насмеан,полн со позитивна енергија и да ги мотивираш и нив да да работат,или да те послушаат,и полека да растат чекор по чекор,и да учат нешто,затоа што нив им треба подолг временски период.
Па така го поделивме работното време два дена во Паевакескус-центарот,и другите денови кај мене на работа.

Таму запознав многу млади практиканти,социјални работници,психолози,па се дружиме за време на паузите,и исто така на 1 Мај очекуваат да им дојде волонтер како нас од Шпанија кој ќе биде 4 месеци во Естониа.

Со Uudo и Pierre бевме заедно и на еден сaем,имаа програма, и ние како организација да се претставиме таму со флаери,брошури,постери,како и порцелан,дека се изработува и дека исто така има курс по порцелан.
И таму си поминавме онака интересно,како за недела утро,иако сакавме да останеме да спијаме дома,сепак требаше да одиме.

Гледавме разни дечиња,разни групи,имаа интересна програма и на крај нормално настапија Voice of Voices,рок групата од Парну,која ни е омилена,и постојано ги следиме нивните концерти.

Ах и да не заборавам,нели Естонците многу многу и не веруваат во Бог,не се религиозни,ниту пак во црква одат,па затоа за Велигден овде не е толку традиционално да го слават како кај нас,па да шараат јајца,да можеби некои од Русите но од Естонците не,па затоа бевме на ручек-вечера,за Велигден,но тие го нарекуваа ручек за Божиќ,бидејќи Uudo немал можност да се соберат за Божиќ, некои од вработените,тоа испадна баш за Велигден,и ние исто така бевме со нив,во еден ресторант,и таму си поминавме прекрасно,па после тоа во Ендла театарот на монодрама и тоа на естонски.Иако ништо не разбиравме сепак и ние се смеевме,нешто ни преведоа,и така ја свативме суштината на смешната монодрама.

После тоа ние со Pierre продолживме кај Siret, дома бидејќи така бевме договорени да се собереме друштво кај нејзе,и најинетерсно беше што навистина овај Велигден овде беше како Божиќ,не како Велигден,средина на Април месец,и очекуваа сите да биде потопло,и да дојде пролет,но сепак ноќта кога си одевме за дома снег до колена надвор,веднаш се присетивме на времето кога стасавме овде во Февруари...Чудно,време,но за нас, за Естонците нормално...


Неделата полека сите се освестувавме,и кој што се реши да си оди,полека го фаќаше автобусот,неделата останавме само неколкумина,и требаше Pierre,ни даде прекрасна идеја,направи салата,зедовме со нас се што ни беше потребно за јаденње,дури и чај,пластичен прибор и решивме да одиме во Валикир паркот,бидејќи времето беше прекрасно,за прв пат,топло пријатно само за надвор,па затоа се одлучивме да правиме пикник.

И се шетавме покрај реката,паркот,јадевме,па испративме уште некој за дома,и тие колку што бевме,продолживме кај Nik во дворот,си седевме,си јадевме,пијавме,и си разговаравме.
Така викендот беше прекрасен,скоро сите си заминаа,и тие што се решија за понеделник и тие си заминаа,и така се вративме на старите обврски,на работа,дома,викенди во Парну,прошетки со друштвото,вообичаено.




Ја претставив и групата,момчето и девојката кои изведоа три прекрасни песни,атмосферата беше интересна,уживавме во нивната интерпретација,и на крај им кажав дека сега може да се послужат со баклава и со солените топчињна кои беа поставени на масите,како шведска маса,и кој сака да си земе.

Јас искрено се чувствував исполнето,бев среќна,дека се излезе на крај како што треба,луѓето беа задоволни,ми дадоа прекрасни комплименти,исто така ме прашуваа и за Македонија,и многу ми значеше што беа доста заинтересирани,дури и спремни да дојдат и да ја посетат мојата земја.

Морам да спомнам дека две волонтерки не дојдоа поради оправдани причини,иако ги очекував и бев сигурна дека ќе дојдат,но како и да е ми се јавија и ми се извинуваа,и тоа за време на презентацијата,но морам да го спомнам моментот кога Kadri девојката од Парну,која очекував дека секако ќе дојде,го договаравме тоа долго време,и скоро само за тоа се зборуваше,и кога на крај од презентацијата дојде расплакана,и многу тажна дека ја пропуштила презентацијата,и дека го утнала часот,така беше растревожена,и чувствуваше вина,и плачејќи ме гушкаше,и ми се извинуваше,и ми даде прекрасно свежо цвеќе,и обетки кои сама ги изработува.
И така двете плачејќи се гушкавме и се тешевме,иако ја пропушти презентацијата,ја сватив на секој може да му се случи,па така да јас бев среќна и што дојде на крајот да проба нешто од храната,како и со тоа што навистина сватив дека на девојката и е криво што пропушти,но сепак се случува.

Полека се спремавме,средивме скоро се,и се договаравме да одиме некаде да се забавуваме,па Nik,ни предложи на сите да одиме кај него во куќата,да пијаме нешто и после тоа да одиме некаде во некој клуб,или во зависност од тоа што сакаме.

Сепак се собравме сите млади,и навистина си поминавме прекрасно,си поседивме,се смеевме,се запознававме меѓусебно сите,пеевме,пијавме,се расположивме така да навистина беше незаборавно,интересно,со еден збор прекрасно,па и продолживме во еден бар во центарот каде што ние со друштвото почесто си одиме и се чувствуваме како дома,бидејќи е мирно местенце,газдарицата не знае,и ни отклучува,кога одиме подоцна,или кога сакаме да останеме подоцна без проблем остануваме,и после некое пивце таму,си се вративме сите по дома.

Лудо и незаборавно,морам да признаам,гостите беа воодушевени од нашиот пречек,и за тие што првпат дојдоа,на некои не им беше прв пат,но сепак беа задоволни,а тоа беше најважно.

Сепак,дојде и часот кога започна презентацијата,се беше скоро спремно,и ги чекавме сите луѓе да дојдат,некои каснеа,некои дојдоа и предвреме,некои точно навреме,Mai учителката по порцелан ми го даде накитот кој сама го изработив од порцелан,дојдоа и момчето и девојката,кои ги очекував и бев пријатно изненадена,затоа што дојдоа,бидејќи не бев сигурна,и како што идеа луѓето така јас се чувствував поисполнето,скоро сите што ги поканив дојдоа,со исклучок на три особи кои требаше секако да дојдат но од оправдани причини не можеа,но затоа потоа,како и да е сите навистина ми направија огромна чест,бев изненадена и исполнета,па така полека и започнав.

Презентацијата си течеше беспрекорно,јас се претставив и бев многу кратка затоа што не сакав да зборувам,и да му биде досадно,се обидував и да направам шеги за време на говорот,му спомнав да се спремат за незаборавно патување во Македонија,да ги врзат појасите,и да уживаат,и да се чувствуваат  тие неколку часа дека се во Македонија не во Естониа.
После краткото претставување му го пуштив  видеото,тоа беше и со превод на англиски,во позадина македонска музика,исто така имав и други кратки видеа,им пуштив видео каде што Каролина Гочева има изведба во црвениот фустан,во центарот на Скопје,и славие 20 години од независноста,па да му доловам момент,исто така му пуштив кратко видео од мојот град,така што сакав се да доловам и да биде кратко,но не досадно,и на крај исто му пуштив видео со нашиот  кошаркарски тим,и им објаснив колку Македонија беше среќна,и колку го поддржувавме нашиот тим,па им кажав дека ќе ги бодриме за олимпијадата во Лондон.

На крај им пуштив и нашата традиционална песна Македонско девојче,и тоа со превод,и онака видов дека луѓето беа задоволни,се заблагодарив,исто така ја претставив Лилјана,да каже збор-два,им се заблагодарив на мојата организација се разбира и таа придонесе да го остварам тоа,исто така спомнав бидејќи бев и јас изненадена,ја спомнав девојката која пред неколу дена пред презеннтацијата се запознав со нејзе на facebook , и ми пишуваше на македонски,иако гледам по името и презимето некако не ми изгледаше дека е од Македонија.

Девојката беше доста заинтересирана да дојде,и ме праша дали е проблем ако дојде со нејзиното момче,јас и кажав имам место каде да ве сместам,само вие изразете желба,и кога ја прашав,а поточно од каде си од Македонија,и таа ми кажа, не јас не сум од Македонија,туку од Естониа,Тарту,навистина бев пријатно изненадена,бидејќи девојката го знаеше супер нашиот јазик,но и таа како мене била волонтер во нашата земја,во Кавадарци,па го научила доста добро македонскиот.Па затоа и ја спомнав ситуацијата и им реков дека ми е чест,и дека бев изненадена,и еден голем аплауз за Anette!

Thursday, May 17, 2012

...збунетост,подготовки,трема,,,


Спремав во четвртокот баклава,тоа е традиционално благо,со многу шеќер,и мајка ми ја прави на посебен начин,па и јас се решив за чоколадна баклава со алва,орев,чоколадо за готвење,кори,како и шербет (шеќер и вода).

Е да многу е благо,посебно за луѓето од Естониа,кои не прават многу благи торти,за разлика од нашите рецепти,но како и да е нели сите сме различни па да се долови и разликата тоа е и поентата. А за солено,се одлучив за полесен и поефтин рецепт,солени топчиња,мајка ми ги прави често за именден,или некои празници,па затоа се одлучив за нив,и секако повеќе излегуваат од една доза така да размислував да има доволно за сите.

Баклавата ја направив четвртокот,топчињата дома во петокот,и од кога завршив дома со чистење,средување за гостите,затоа што ми се најавија скоро 12 да спијат во нашите соби.

А вечерта ја очекував Лилјана,бидејќи ми вети дека ќе дојде порано и дека ќе ми помогне се што ми е потребно,и секако очекував да ми донесе знаме,од амбасадата,бидејќи јас немав.
Стигна и Лилјана,па јас веќе завршив скоро со се и си дадов малку одмор,иако бев уморна,иако не бев баш најдобро спијана и одморена,сепак јас пречекав Лилјана,и донесовме луда одлука да одиме некаде надвор со нејзе,бидејќи пријателите ми звонеа и не чекаа да појдиме и да му се придружиме,и ние само на една пијачка останавме доволно долго! J

Како и да е вечерта си поминавме супер,ја запознав Лилјана со моите пријатели,си разговаравме,иако бевме уморни сепак за забава и дружба  никогаш не е доста.

Како и да е утрото требаше рано да станиме,гостите веќе почнаа да доаѓаат,и ние полека да се спремаме и порано да заминеме кај мене на работа затоа што таму и беше презентацијата,и јас требаше да појдам порано кај 14:00 часот за да ги наместам флаерите,да пробаме со компјутерот и прожекторот,како и да ги наместиме масите,столчињата,храната,знамето,и се друго што беше потребно. 
За тоа му реков на Pierre само да ми помогне со тоа што ќе биде со гостите,да јадат,и да му даде се што им треба,бидејќи јас не бев таму,со Лилјана и со Дени појдовме заедно кај мене на работа,бидејќи тие сакаа да ми помогнат и сакаа да дојдат со мене,нели за тоа сме и Македонци,и другите исто така што ги познавав и што требаше да дојдат знаеа кое време каде и што,пријателите од Парну скоро сите ми ветија и ми кажаа дека ќе дојдат,така што имав малку трема,и бев малку збунета...

Неделата пред мојата презентација,бев во фрка,бев збунета,баш и тој период ми се погоди да бидам болна,но не беше многу страшно преживеав,цело време си работев на тоа како ќе биде,мислев и сметав колку луѓе ќе дојдат се ми се вртеше во главата,а и времето беше катастрофа за моево здравје,како што се менуваше така и јас се менував,не спијав многу,се чувствував уморно,не јадев многу некако немав апетит,но како и да е не може секогаш се да биде совршено,така да и тоа помина,се ближеше викендот затоа што тоа беше во саботата попладне, 17:00,и имаше време за се,така што имав и испланирано одкога ќе заврши презентацијата да одиме некаде сите заедно во некој клуб,па така да ја затвориме и вечерта.

А морам да спомнам и дека сакав нешто интересно да направам невообичаено,на пример да поканам некоја група од Парну,затоа што имаат многу млади таленти,особено една група која е прилично добра и популарна овде,па сакав да ми дојдат на презентацијата и бесплатно да изведат нешто по желба,па макар и на Естонски.

Но тие беа прилично зафатени,и не се надевав многу,но за среќа кога бевме со Pierre во едно школо,имаа француски ден,интересен настан,зборуваа на француски,пееа,имаа храна припремено,и така и ние се најдовме таму,нели спомнав бевме скоро секаде и скоро секогаш присутни некаде особено на културни настани,па таму запознав млади тинејџери,кои имаат невероватни вештини,таленти,па така забележав еден пар,прилично млади дечко и девојка,кои имаа прекрасна изведба,дечкото свиреше на гитара,а девојката пееше,и страшно ме заинтересираа,па после настанот откако заврши,им дадов информации,и разменивме контакт,па ги замолив дали ќе сакаат да дојдат за мојата презентација и отсвират нешто по нивна желба.

Како и да е почнав да се спремам,немав идеја колку луѓе ќе дојдат,немав идеја што да кажувам некако времето ме газеше,ми поминуваше брзо,и се што правев сама правев,иако не бев баш со најдобро здравје сепак се чував и се пазев,бидејќи сакав да бидам силна и да ја направам презентацијата,за која се спремав долго време а исто така и канев луѓе,па не сакав да откажам или да се случи нешто што не треба.
Работите си течеа спонтано но брзо,и скоро се ми беше организирано,знаев и отприлика кој кога ќе дојде,знаев што треба да направам пред да започне се,и после тоа одкога ќе заврши можам да дишам.

Подготовките за мојата презентација...


Полека и Март си замина,се ближеше денот и за мојата презентација,14 Април,полека почнував да се спремам,имав така интересна визија за презентацијата,и се надевав дека ќе биде успешна,и дека ќе дојдат повеќе луѓе,и дека ќе уживаат.

Така почнав најпрво со постерот кој што го испринтавме,и нормално да го ставам некаде на видно место за луѓето да прочитаат и да имаат информации каде ќе биде тоа,што поточно,и да тоа беше на естонски јазик за сите да можат да разберат,па нели и јас сум во Естониа J .

Отворив и група на facebook,каде што го вметнав постерот,и ги поканив сите пријатели што ги имам тука во Естониа,и ги потсетив дека ќе правам презентација и чест ќе ми биде да присуствуваат,исто така размислував што да правам за јадење,нешто традиционално,благо и солено,но не како ручек,само колку да пробаат сите и да има за сите,за да имаат предвид каква е храната во Македонија во споредба со другите држави.

И исто така полека почнав и да ја припремам мојата презентација во power point,и исто така имав видео за Македонија:Amazing video,со англиски превод,за да можат луѓето да разберат,да не мора да преведува некој,ниту пак јас имав замисла да биде презентацијата класична,досадна на некој начин,туку да биде со повеќе слики,музика во позадина,имав музика од Ѓорлев инструментална,со народни македонски композиции,па исто така имав една интересна идеја да направам флаери на кои пишува: Did you know? И на секое по некој факт различен и интересен,што е типично за Македонија,за луѓето што ќе дојдат да му биде сватливо,и интересно,дури и да го запомнат.



Презентацијата беше доста интересна иако не бевме голем број на луѓе,бевме само ние волонтерите,со директорот и учителката по порцелан,скоро десетина.
Но сепак релаксирано,опуштено,повеќе беше за храната и стеротипите на Франција,пробувавме да изговараме брзозборки на француски,но прилично брзо,и тоа беше доста интересно,исто така имаше и две игри,за кои нацртав два цртежи,глава од крава,и карикатура од Наполеон Бонапарта,па игравме со заврзани очи да нацртаме обетки на ушите од кравата,а на Наполеон да му ја ставиме на глава шапката.
И така сите бевме дел од тоа,се смеевме,си поминавме доста интересно,имавме многу вкусен француски ручек,салата,главно јадење,десерти и тоа два различни и тоа беше доста вкусно уживавме,и од кога заврши се,бидејќи презентацијата беше околу 10 утрото,веќе се прибиравме накај дома,затоа што и времето не беше баш најдобро,знаете во Естониа времето знае да изненадува секоја секунда и минута,така да ништо не се планира предвреме.


Така да се вративме дома,и Pierre мораше да се спрема за Талин, на аеродром,па јас останав со гостите.

Саботата ноќта заминавме во еден ноќен клуб во Парну,Браво клуб, и таму си поминавме доста интересно,и после клубот продолживме во куќата на Keijo,па така останавме таа бурна ноќ до утрото,можеби дека сакавме да му кажеме Tere- тоа значи здраво на естонски. J

Неделата  од кога се освестивме,се спремивме и заминавме на ручек во пицеријата Стефани,морав да ги однесам таму,нели популарно место,и штета би било ако не пробаат пица оддтаму,така да не можев да го пропуштам тоа.
И после тоа полека секој се спремаше за дома,и така задоволни гостите од нашата гостопримливост и љубезност,го запамтија Парну,и многу важно е тоа што оставивме супер впечаток,за пак да дојдат кога и да посакаат,па нели се спремав и јас за мојата презентација...

Презентацијата на Pierre - French speaking day!


Полека,полека почнуваа подготовките за нашите презентации,првата беше од Pierre 24 Март,а мојата презентација беше закажана на 14 Април.
И почнувавме со подготовките,иако од Pierre беше прва,него му се појави мал проблем,му исчезнал тестот што го правел во Франција,па мораше после презентацијата,бидејќи беше во сабота,тој мораше да се врати во недела за Франција.

Па мислам поради тоа и не беше многу расположен,и присебен за презентацијата,но како и да е, јас бидејќи искрено сакав да му помогнам околу тоа,осејќав дека немаше мотивација,баш,дури и пријателите наши ги немаше покането,јас му дадов до идеја дека мора да биде упорен и да ги извести дека ќе има презентација и ќе ни биде чест да дојдат,дека имаме доволно место кај да ги сместиме,и дека се ќе организираме од наша страна,јас бидејќи нон-стоп бев во контакт со волонтерите,некои и ги осеќав за многу блиски,бидејќи и се зближивме,му реков ајде дојдете ќе имате прекрасна забава тука,ќе одиме на презентација,па ќе се организираме некако да шетаме,низ Парну,во некој клуб,или што и да посакаат.

Бидејќи тие се гости а ние домаќини се разбира треба да направиме гостите да се чувствуваат пријатно и удобно,и да ги задоволиме нивните потреби.Да се покажеме во најдобро светло.
Така,се потрудивме со Pierre заедно,не послушаа,ги заинтересира,и се решија дека ќе дојдат.

Ги пречекавме,полека стигнаа сите навреме,кој подоцна,кој порано,но сепак во глобала  и сума сумарум сите беа на број освен Simone и Sean,кои поради оправдани причини немаа можност да присуствуваат.Но во секој случај и тие што дојдоа доволни беа,и посебно беше прекрасно тоа што се надевам дека Pierre беше среќен поради тоа,јас искрено многу бев исполнета дека направив се што можев за да дојде некој,да не бидеме само јас и некои од вработените,никогаш не го добив одговорот но потсвесно се надевав дека ми заблагодаруваше што направив и дадов се од себе.
Исто така јас требаше сама да ја преземам одговорноста,бидејќи останував сама со гостите,после заминувањето на Pierre,за Франција.

Friday, May 11, 2012


Излеговме и претходната вечер на џез-концерт,исто во центарот,и бевме да јадиме во ресторан,исто така бевме и на едно место во центарот рок место,и таму убаво и поминавме,се сретнавме со многу луѓе,јас го побарав и Дени со неговите пријатели,така да доста забавно беше и незаборавно можам да признаам.

Дури бевме Талин,јас имав средба со жената на амбасадорот Ненад Колев, Лилјана толку љубезно,ми се јави,бидејќи разбрала дека сум волонтер тука и сум од Македонија,особено од Прилеп,и беше заинтересирана да ме запознае,а бидејќи знаеше дека ќе идам за Талин,веднаш ми закажа средба во центарот на градот,да се сретнеме,и да одиме некаде заедно на ручек,да ме прошета низ Талин,да се запознаеме подобро и да разговараме се разбира за нас.

И така и беше иако уморна од ноќите,сепак станував порано и саботата и неделата и прекрасна и незаборавна средба имав со Лилјана,толку мила душа,добра,стабилна,како и разбирлива,искрено се изненадив,на позитивно,и не очекував дека толку другарски,ќе се однесува со мене,дури и јас заборавив дека е жена на амбасадорот,бидејќи комуникацијата со нејзе ме воодушеви,и ме натера да се чувствувам удобно,како да се знаеме од поодамна,така некоја и блискост почувствував.Со еден збор си најдов сродна душа,која би ме разбрала,и со која можам да комуницирам, и да разговарам,и да ја побарам во секој момент,исто и таа беше изненадена од мене,и добив прилично убави коментари од нејзе,дека лесно може да ме прочита и дека и изгледам за доста паметна девојка која знае што сака во животот,принципиелна,дека се трудам,и дека давам се од себе за да успеам,цврста,упорна,полна со позитивна енергија, и можам да кажам дека не згреши во анализирањето,баш е така,точно проценето.:)

И кажав дека ќе правам презентација за Македонија,и дека ќе ми е чест доколку присуствуваат заедно со амбасадорот,таа во тој момент веднаш ми кажа дека,таа 100 % ќе дојде,за амбасадорот е малку покомплицирано,во случај да е зафатен,нема да може,но сепак и таа што се согласи мене ми значеше,и тоа што несебично ми кажа дека ќе ми помогне доколку ми треба помош.

Навистина многу ми значеше,подршката нејзина,нејзиното пријателство,и контактот ден по ден ни стануваше се поцврст.
Како и да е незаборавен викенд во Талин...Задоволни сите,од дружбата од Талин,иако немавме можност да го прошетаме,бевме само во центарот и во стариот град,причина за тоа беше и времето,кое се менува на секоја секунда а мене тоа страшно ми сметаше,но како и да е имавме време и знаевме дека нема да е тоа последен пат во Талин.

на посета во Талин,jesss :-)


Дојде и денот кога се решивме да одиме за Талин,да го посетиме главниот град,така да тој викенд сите не чекаа,волонтерите бидејќи сите беа сместени во Талин,само јас и Pierre бевме од Парну,и Heli требаше да биде исто така Талин од Тарту.

Баш и се погоди на Ирците им беше празник,славеа st.Patrick’s day,па знаевме дека ќе имаат нешто организирано,од нивна страна како мала приватна забава но само со нас,не многу луѓе.
Јас и Pierre,стигнавме,Daire не пречека на автобуска,и бидејќи Heli доцнеше го пропуштила автобусот,знаевме дека подоцна ќе стигне.Daire и Sean,беа сместени во хостел,каде што живееа со други млади,студенти,волонтери,од други држави,од Естониа,но хостелот им беше во строгиот центар,тоа им беше прекрасно,се разбира и тие беа среќни поради тоа.

Се собравме полека сите во хостелот,почнавме да им помагаме со подготовките,спремаа ирско кафе со виски,пита на ирски начин,салати,сендвичи со риба,и се разбира без чипс и грицки,ништо не се пие.

Ех имаше и една доста интересна случка,договорот беше да спијаме со Heli кај  Daire и Sean,бидејќи се во центар,но имаше мачка во нивниот спрат,а јас паничарка и фобија од мачки,сите ги ангажирав да се грижат за мачката и да не ја пуштаат да биде во моја близина,ако сакаат да бидам со нив и да се забавувам и јас.Иако бев проблем со мачката,сепак сите несебично ме поддржуваа и ме сватија дека имам страв,и едноставно ја држеа понастрана од мене.

Како и да е дојде и ни се придружи и Kriis тренерот,и така интересно си поминувавме во хостелот на Ирците,си зборувавме се зафркававме,се смеевме,а и Daire бидејќи е уметник не црташе на лице,со зелена боја карактеристична за Ирска,и така со тетоважи заминавме после седенката во хостелот,во центарот на Талин да се забавуваме во некој клуб.
Бевме во караоке клуб,и беше незаборавно...многу луѓе,исто така и Ирци,и атмосферата таму весела,еифорична,пеење,играње без престан,се сретнавме и со други волонтери,хаос-во позитивна смисла,пеевме и ние песни,јас мислам дека испеав дури 5,така да беше прекрасно,забавно...

Животот во Парну...



Помина и тоа,што би рекле ние секое чудо за три дена,па сите се вративме по дома,и нормално пак секојдневната навика,на работа,дома,понекогаш,некаде на кафе,или прошетки низ Парну,понекогаш некои настани ако имаат,скоро секогаш бевме во тек,се разбира работиме во културна организација,каде што прво информациите пристигаат кај нас,флаери,постери,и така да знаевме што и каде има.
Ах да не заборавам,на работа не посетија новинари,со кои имавме интервју,и не фотографираа за во локалниот весник Парну,исто така дојде и друг новинар кој пишувал за цела Естониа, не само за Парну,така да имавме и второ интервју,и после тоа си го купивме весникот за спомен,што и како сме изјавиле.
Полека стекнувавме разни пријателства,запознававме се нови и нови пријатели,така што една вечер случајно се договоривме да имаме средба со некои млади луѓе кои уште не знаевме кои се тие,дека живееле во градот,работеле,па кога се работи за забава ништо не се одбива,така да во овај случај без размислување заминавме со Pierre,и многу лесно ја најдовме куќата,Dorota од Полска која ја запознавме баш во моментот,не пречека,и срамежливо влеговме во куќата.
Многу млади луѓе,и што бење најинтересно сите бевме од различни земји,а Естонци само двајца или тројца.Почнувајќи од нас,јас од Македонија,Pierre од Франција Nik од Хрватска,Bas од Холандија,Lina од Грција,Peter од Германија,Dorota од Полска, и Keijo,Siret,Indrek од Естониа,подоцна ги сретнавме и парот Toni од Америка, Paul од Англија.Можам да признаам многу интересни луѓе,така брзо се вклопивме во дружбата,што скоро секој викенд организиравме нешто,дали кафе некаде,дали вечера,дали во некој паб да гледаме фудбал,или во куќата на Nik,или пак некаде шетавме,местото и баш не ни беше важно кога сите сме тука заедно.
Многу често и се запознававме со други луѓе пријатели на нашите пријатели,кои ги посетуваа,значи не бевме сиромашни од таа страна,бидејќи моето мото е секогаш дружи се со луѓето,и имај добри пријатели околу тебе,тоа значи,и јас искрено не можам да живеам ако немам никој околу мене, па макар и еден да биде...Но што повеќе,толку подобро,многу ми беше мило што ме прифатија лесно,и сакаа да се дружат цело време,разговаравме,и што најмногу ми се допаѓа што секој си има некаква обврска и не е безделничар,и не се личности кои сакаат само да излегуваат,да пијат,и да прават глупости...напротив доста паметни,да можеш да разговараш со нив на секоја тема,како со возрасни,и стабилни личности,да учиш од нив,да дознаеш нешто за нив интересно,повеќето имаат многу шетано,низ светот,во секој случај да биде позитивно,и добро за нас. Понекогаш со Nik си имавме secret language,бидејќи јас разбирам хрватски исто така можам и да зборувам,така да некогаш кога сакаме да се нашалиме правиме шеги,или се трудиме да ги научиме нешто и другите.


Животот тука во Естониа,си течеше,спонтани ситуации,и доста интересни и различни,во секој поглед,се беше релаксирано и интересно,почнавме да се навикнуваме,и да се чувствуваме како дома.Нормално ми недостигаше Македонија,градот Прилеп,а најмногу фамилијата,но исто како да бев со нив затоа што многу често се слушав со нив на skype,сега се е полесно кога имаш интернет 24 часа нон-стоп,па така да,си помислив сепак овај е и мој живот,мое искуство,и нормално да не мислам на тоа кој колку ми недостига,сега сум овде и треба да сум до Октомври,така да треба што можам повеќе да уживам во животот и каде што се наоѓам моментално,да уживам во моментот,сегашноста.

Thursday, May 10, 2012

После тренингот во Вилјанди,секој по дома... :(


Да се навратам на забавата,претпоследниот ден,бевме сите заедно после часот бидејќи ни заврши порано,и имавме повеќе време за релаксирање,ни завршија обврските,и нормално дека сакавме забава,дружење,па имавме во програмата сауна,затоа што овде во Естониа скоро секоја куќа има своја сауна во домот,толку многу е популарно,што луѓето не можат да го замислат животот без сауна,во споредба со мојата земја,да и ние имаме сауни во спа-центрите,но ретко кој оди и кој го практикува тоа,не е толку популарно и атрактивно како во Естониа.
Имавме мала прошетка низ Вилјанди и да секако да купиме пијалак за во сауната,за да биде поинтересно,затоа што тоа ќе беше мешана сауна заедно девојки и момци,па и некој од волонтерите носеа некои игри како покер,карти,за да имаме повеќе занимација.
Значи после прошетката се прибравме,пред вечерата,и почнаа подготовките за во сауната...
Беше прекрасно интересно,се смеевме се шегувавме,пијавме,бидејќи мораш да пијаш течности за да не дехидрираш,и момците беа навистина луди,после сауна излегуваа надвор во снегот,па пак во сауната,или пак во базенот каде што водата беше прилично ладна,но така одат работите кога си во сауна,или тушот со ладна вода,мала пауза и пак се врајќавме во сауната да се потиме.
Заврши и тоа,се средивме и се качивме на спратот каде што имаа просторија за билјард,и за релаксирање,па ние со пијалакот во рацете се качивме горе,и игравме билјард сите заедно,слушавме музика,и разговаравме меѓу себе се запознававме подобро...
И така до доцните часови,секој во собата за да станеме рано пак другиот ден,имавме последен час со една девојка и полека да се спремаме и да го напуштаме Вилјанди.
И така и направивме,се спакувавме и жални полека одевме сите заедно накај автобуската,и секој да го фати автобусот за дома.
Не сакав да си одиме,бидејќи беше прекрасно времето поминато со новите другари,дружбата прекрасна,но тоа не значеше крај и дека нема да се видеме пак,напротив сега имавме место и каде да спијаме кога ќе посакаме да одиме Талин,и Тарту и тие исто така секогаш добредојдени кај нас во Парну. 

Наидовме на една голема дрвена нишалка на која се качуваат повеќе луѓе и се занишуваат,доста цврста,летавме високо,се разбира јас бев прва таму ЗА J ,чувството беше прекрасно со адреналин,како да сме птици кои летаме и ја чувствуваме слободата и мирот...на некој начин ногу забавно,смееќи се нишавме извесно време...Извикувавме цело време,како мали деца,и уживавме заедно во еуфоријата...

Полека се прибиравме накај хотелот,бидејќи беше доцна,по пат разгледувавме споменици,интересни актракции,објекти,знаменитости,се разбира со објаснување од страна на водичите,Siiri,Kaisa и Kriss,ни доловија некои историски факти и информации...

Ах морам и да ја спомнам смешната случка,кога ни поставија задача,да одиме низ Вилјанди,и јас ја имав таа среќа да бидам со Ирците,незаборавно искуство,бев со двајца млади момци,кои мислев дека се добри со мапа,но не баш.Значи за задачата се потрудивме максимално,добро се снајдовме,најдовме приватно училиште,од тука синот на директорот не префрли со кола до универзитетот во центарот,после сами се снајдовме да ја најдеме библиотеката,и од кога ја завршивме обврската,решивме да се вратиме во хотелчето,и благодарение на Daire и Sean се загинавме во малечкото Вилјанди. Епа така им е кога не ме слушаат,иако не сум добра со мапа,барем паметот и меморијата одлично ме служи,и му предложив,ајде да пробаме овој пат,не овој,и така си се шетавме и си прашувавме по пат,како да се вратиме до хотелчето,среќа што колку толку разбирам руски,па мешано српско-руски-македонски,ми помогнаа луѓето што ги сретнувавме по пат,и така смеејќи се вративме во хотелчето,доцневме,но никој не се јави ниту пак се загрижи да праша каде сме,беа сигурни дека ќе се вратиме,па и се вративме подоцна,сите веќе беа собрани и не чекаа нас.А ние смеејќи се им кажавме за искуството,и нормално не можејќи да се воздржат и тие гласно се смееа,иако не беше тоа целта,иако ние требаше да помогнеме како волонтери,Да ние го направивме тоа,но и нас несебично ни помогнаа,и тоа во голема мера,па и ние го осетивме тоа чувство, да ни помогне некој.Сепак имавме интересно доживување,и имавме поразлично искуство од другите.

Морам да спомнам и дека нашата група и не беше баш срамежлива,функциониравме доста добро,се согласувавме доста добро и нонстоп бевме активни и секој се трудеше што повеќе да се истакни и да се вклопи во различните теми,прашања,задачи.Имавме пофални зборови и пофалби од страна на обучувачите,дека сме им биле интересна група,и доста паметна,и дека имале интересно искуство со нас и дека им било мило што работеле со луѓе како нас,бидејќи имале различни искуства со претходните волонтери,и повеќето од нив кога биле на тренинзи преферирале само забави,пиење,излегување,но не биле баш заинтересирани на часовите,ниту пак активни.И ние се разбира бевме задоволни од нив и бевме горди после пофалбите,и се разбира чувството ни беше прекрасно,бидејќи се чувствуваш поразлично од другите и нормално нивното мислење за нас ни значеше.

 Значи после напорните часови,два дена пред да си одиме имавме како слободни вечери,и да одбериме кога сакаме да имаме сауна,а кога сакаме да одиме некаде надвор, во некој паб или кафетерија или клуб.

И сите едногласно се решивме првата вечер да одиме сите заедно во градчето во еден паб каде што имало џез-група,и баш онака лајт си поминавме доста интересно,после три понапорни дена само во хотелчето,излеговме надвор иако времето беше прилично ладно тоа не не спречи,ништо не може да не спречи кога се работи за забава,па доста интересно беше една група од 11 млади слушавме џез,пијавме алкохол,но умерено се разбира,местенцето беше прекрасно,и кога се враќавме го посетивме паркот блиску пабот,бидејќи пабот беше на високо местенце,после еден мост,наидовме на срушен замок,и можам да кажам дека беше прекрасно,ноќ,снег насекаде,и ти се наоѓаш на интересно и невообичаено местенце на височина од 50 метри,и можеш да го видиш морето,шумите,некои цркви,уличките осветлени,ПРЕКРАСНО...


Дојде денот кога требаше да заминеме за Вилјанди,договорот беше да се чекаме со другите волонтери на автобуската,и сите заедно да пробаме да го најдеме хотелчето или таканаречениот пансион Вила Марија,во кој требаше да бидеме тие 5 дена.Дојдоа скоро сите,само двајца недостигаа.Но тоа не не спречи да заминеме и да го најдеме пансионот бидејќи веќе бевме и гладни.Значи се запознавме со Alicja и Dominik од Полска,Simone од Италија,Heli од Чешка Република,јас и Pierre,само што недостигаа уште двајца...Појдовме во Вилата и се сместивме,се запознавме и со обучувачите,три девојки од Естониа,многу фини и љубезни,и седнавме сите заедно да ручаме за после веднаш да почнеме со часови,во просторијата каде што имаа предавално специјално за нашата обука,и каде ќе го поминуваме повеќето од времето таму тие 5 дена.Двајцата кои доцнеа конечно ги запознавме откако почнавме со часот по запознавањето и со вежбите,и тоа беа Ирците Daire и Sean кои што откако влегоа малку збунети поради доцнењето веднаш се вклопија во групата и продолживме сите заедно!

Искуство после тренингот:можам да признаам дека беше најубаво поминато време во дружба,споделување,запознавање меѓу себе,разменивме доста информации,тренингот беше прилично интересен и во никој случај досаден,иако секој ден станувавме рано,почнувавме со појадок и веднаш во просторијата каде ги имавме часовите,организирано на ниво,прекрасна храна,појадок ручек и вечера и измеѓу часовите паузи со кафе,чај,џус,овошје,слатки и солени торти,итн...

Прекрасно беше споделувањето со другите вололнтери и се разбира со обучувачите,учиш многу нови работи во кои се вклучени сите,се дружиш и играш интересни игри со цел да не биде досаден тренингот и со цел побрзо да ги запаметиш работите,се делевме на групи,менувавме партнери за да не бидеме цело време со ист партнер,исто така имавме и задачи од страна на обучувачите,станувавме секој ден рано околу 8:00,па имавме појадок и веднаш во предавална каде скоро цел ден го поминувавме таму,се разбира со паузи,организација на ниво можам да кажам,секој ден различни задачи,игри,активности,вежби,јадењето многу вкусно,спиањето доста удобно,дружбата прекрасна,дружељубиви и несебични млади луѓе,полни со живост,емоции,импресии,како и различни карактери.

Tuesday, May 8, 2012

Ах тренингот во Вилјанди,,,


Дојде денот кога требаше да заминеме за Вилјанди,договорот беше да се чекаме со другите волонтери на автобуската,и сите заедно да пробаме да го најдеме хотелчето или таканаречениот пансион Вила Марија,во кој требаше да бидеме тие 5 дена.Дојдоа скоро сите,само двајца недостигаа.Но тоа не не спречи да заминеме и да го најдеме пансионот бидејќи веќе бевме и гладни.Значи се запознавме со Alicja и Dominik од Полска,Simone од Италија,Heli од Чешка Република,јас и Pierre,само што недостигаа уште двајца...Појдовме во Вилата и се сместивме,се запознавме и со обучувачите,три девојки од Естониа,многу фини и љубезни,и седнавме сите заедно да ручаме за после веднаш да почнеме со часови,во просторијата каде што имаа предавално специјално за нашата обука,и каде ќе го поминуваме повеќето од времето таму тие 5 дена.Двајцата кои доцнеа конечно ги запознавме откако почнавме со часот по запознавањето и со вежбите,и тоа беа Ирците Daire и Sean кои што откако влегоа малку збунети поради доцнењето веднаш се вклопија во групата и продолживме сите заедно!

Искуство после тренингот:можам да признаам дека беше најубаво поминато време во дружба,споделување,запознавање меѓу себе,разменивме доста информации,тренингот беше прилично интересен и во никој случај досаден,иако секој ден станувавме рано,почнувавме со појадок и веднаш во просторијата каде ги имавме часовите,организирано на ниво,прекрасна храна,појадок ручек и вечера и измеѓу часовите паузи со кафе,чај,џус,овошје,слатки и солени торти,итн...

И Февруари си заминуваше,,,


Така си поминуваше полека Февруари,рутината и навиката си продолжуваа и лесно се вклопуваа во времето поминувајќи го во Естониа,посебно во Парну,каде што сега за сега живееме,вообичаениот пат скоро секој ден за на работа го поминувавме и се навикнавме,за јадење си купувавме сами од блиските маркети,ете посетивме неколку интересни настани,шетавме наоколу,запознавајќи го подобро градот и населбите,сликавме,нормално за да имаме нешто во сеќавање,уживање во прошетките додека надвор снежи,и ја чувствуваш сличната еуфорија и хармонија како за Божиќ,само што не е Божиќ,туку ладна балтичка земја каде што зимата трае подолг период.

Се ближеше и времето за нашиот прв тренинг кој ни беше закажан на 27 Февруари до 3 Март примивме емаил и чекавме да дојде денот и да одиме во Вилјанди малечко гратче,каде што ќе се запознаеме со дел од другите волонтери,и ќе имаме заедно тренинг,обука,за ЕВС програмата,и се разбира забава и запознавање меѓу себе!

Се разбира со душа чекавме да дојде денот да појдиме затоа што иако убаво си поминувавме во Парну и се беше интересно и ново за нас,сакавме свеж воздух,и се понови и посвежи места,и се разбира ни фалеше дружба особено мене,ми фалеше друштво и нови луѓе,затоа што повеќето време во Парну бевме сами,како волонтери од други држави,и немавме баш запознаено некакво друштво,особено млади како нас,освен двајца,а всушност тоа е и поентата да се запознаеш на тренингот со други волонтери со кои ќе имаш можност да споделиш многу работи,како и да размениме контакти,да имаш место каде да спијаш кога ќе посакаш да патуваш по другите градови во Естониа,да учиш,да споделуваш,да имаш пријатели,затоа што тоа е најважно барем за мене,особено во земја каде што си сам и мораш сам да се снајдуваш на некој начин,и да си го правиш времето поинтересно и поисполнето.


Изненадување,запознавање со пријатели...интересни настани...


Баш за изненадување можам да кажам дека од кога стасав во Естониа многу пријатели и ме побараа на facebook од кои случајно го запознав и Македонецот Дени од Гевгелија,и толку многу се изненадив што не ни верував дека некој ќе запознаам баш од Македонија.Но ете и тоа се случи се најдовме,на facebook преку Естониа ЕВС групата,нели facebook ги зближува луѓето,па така и Дени ме најде и ме праша зошто сум тука,што правам,,,и ред други прашања.Од кога се расприкажавме и  откривме работи за себеси,го поканив да дојде во Парну,да се запознаеме во живо да се запознаеме во живо,и да биде и тој дел од тие зимски игри.И така професорот Дени по англиски,кој исто така бил и волонтер како нас пред две години во Талин,дојде викендот ме посети и си поминавме прекрасен викенд во Парну,се разбира заедно со  Pierre.Тој викенд се запознавме и со други волонтери од Луксембург кои беа дојдени од Талин да го посетат Парну,па и не е чудно што луѓето од други држави лесно се пронаоѓаат меѓу себе.

Тој викенд присуствуваме на дента на независноста на Естониа 24 Февруари,кога во Валикар паркот имаше поставено сцена и ја изведуваа химната,познатата рок ѕвезда во Естониа Tanel Padar,имав многу слушнато за него,исто така бевме и на неговиот концерт во еден познат ноќен клуб во Парну Sugar club,и си поминавме прекрасно,а да не заборавам но за ручек морални и обавезно беше да го однесиме Дени во пицеријата Стефани,која е најпознато и најдобро место во Парну,и прават највкусни пици,па луѓето во Парну велат ако не појдеш и не пробаш пица од таму,исто како да не си бил во Парну.А бидејќи ние бевме уште кога стасавме,и имавме искусено,морав да му предложам и на Дени,како мој гостин а јас како домаќин,и нормално да биде задоволен од викендот во Парну.

Ах да не заборавам,морам да спомнам дека имавме и инетресен час по готвење,со Paul Senosi,кој што е од Јужна Африка,но живее во Талин,и е перфектен кувар,им дава приватни часови на студенти како да готват,исто така е и професор по англиски јазик,па Uudo го покани во Парну да дојде и да видеме како изгледа еден час со него.Но и морам да спомнам дека Pierre обожава да готви,и готвењето му е специјалност,па бевме сите заедно,скоро десетина,и плус некои нови луѓе кои и ние ги запознавме таму,и часот беше доста интересен,бидејки почнавме околу 20: 00,Paul ни покажа само кој што има обврска не подели кој што да работи,јас и Pierre го правевме десертот,торта како сладолед од карамел,и можам да признаам дека беше премногу вкусна,имавме различни видови меса приготвени  на различни начини,и скоро во се како традиција стававме рузмарин.Вкусот беше доста јак,и кога завршивме со јадењето,масата ја поставивме и седнавме сите заедно,да пробаме од храната приготвена на Африкански начин.Да беше различна,посебно во споредба со мојата држава,и премногу јадење за само вечера,што се однесува до мене јас искрено колку и да сакав не можев да пробам од се и да мешам затоа што сепак и не е наш стил,не сум навикната,но како и да е итересно беше,чуден вкус бидејќи храната иако беше со месо и зеленчук,сепак имаше сладок вкус и јак вкус од рузмаринот,но за десертот немам зборови,не дека ние го правевме но тортата беше многу лесна и слатка за јадење,што мене најмногу ми се допадна,можеби и дека обожавам слатки работи.И така добро најадени после интересна и долга вечер,и прекрасно бело и црвено африканско вино,и интересен разговор,во кој што уживавме,си поминавме невообичаена вечер со  Paul,и со останатите,во секој случај вечер за паметење!

Првите задачи на работа...


На работа,почнав и да го работам проектот Солидарност,за кој добивме пофални и позитивни одговори од организацијата од Грција каде и што го пративме,што значи дека му се допаднал.
Уште на почетокот Uudo ни даде задача дека треба да организираме и да закажеме датум за презентација на нашите земји,како да ја осмислиме презентацијата и да ја претставиме земјата во најдобро светло,како и презентацијата да биде успешна со тоа што треба да се потрудиме да стекниме пријателства,да запознаеме дел од волонтерите во Естониа,да поканиме што повеќе луѓе,да направиме добар маркетинг,флаери,како и со помош на интернет да поканиме се повеќе и повеќе луѓе и заинтересираноста да биде поголема,со цел и да се виде колку сме способни да организираме сами се и колку сме успешни во тоа.

Прва беше презентацијата на Pierre,French speaking day,закажана за 24 Март,додека мојата за 14 Април само како Day of Macedonia,закажана за 14 Април,така што имавме време за подготовки.

Апартманот во кој бевме сместени е зградата на Црвен Крст во Парну,тоа е прилично нова зграда,и јас и Pierre си имаме свои посебни соби,доста големи,дури со по два кревета,и свое купатило,градбата однадвор како и внатрешноста е прилично свежа и нова,само делиме кујна која е на вториот спрат,и машина за перење која е на приземје,исто така имаме сауна но за жал не функционира.За собите немаме зборови,прекрасни,мириса на свежо,средено,ново,и најважно и најдобро од се што сме сместени во строг центар,каде што се ни е блиску,молови продавници,автобуската,банките,паркови,училишта околу нас,цркви,театарот Ендла како и Концертната сала,и нормално кога и да излеземе за две минути сме на Рутли улицата или поточно на плоштадот,и се разбира сите кафетерии,ресторани,клубови,пабови,буквално се,а плажата ни е на 20 минути од нашето место!yupi! J

Полека но сигурно влегував во шемата :)


Како и да е, како за старт добро почна ЕВС-ов во Естониа,со дружби,активно,и на работно како и на приватно поле,разгледување и запознавање на Естониа,особено на Парну,и луѓето кои живеат во градот.

На работа почна да ни станува интересно,си ги поделивме на некој начин обврските,и секој си беше активен на свој начин,секој си имаше задача што и како треба да се сработи,времето на работа ни беше доста релаксирачко и флексибилно,повеќето од работното време ни беше пред компјутер и на компјутер,работење на проекти,договарање меѓусебно,давање идеи,споделувања,разменувања,согласувања,значи работење во тим.Почнавме и со естонскиот јазик да го учиме,бидејќи и тоа е во програмата на ЕВС,секој го учи јазикот,без разлика во која земја си појден,и можам да кажам за јазикот дека ништо не ни беше јасно,ниту пак имавме идеја како ќе го научиме естонскиот јазик,затоа што е прилично тежок,14 падежи,се прашувам како можи и да не е тежок кога и за самите Естонци граматиката е тешка?!

Исто така почнавме и со часови по порцелан,заедно со прекрасната учителка Mai,која што изработува прекрасни дела нацртани на порцелан,и која што има прекрасна дарба,талент за тоа,па бидејќи бевме импресионирани од нејзе и нејзината вештина,почнавме и ние да изработуваме полека полека,со помош нејзина,интересни чаши,тајнири,сувенири,со различни дезени,и после тоа ги ставаме во печката,и од кога ќе бидат готови си ги земаме за нас.Така да веќе имаме своја колекција од различна форма на  порцелан.

Јас бидејќи сум позаинтересирана од страна на уметност,не ми претставуваше тешкотија,часот по порцелан,и можам да признаам дека уживам во учењето на таа вештина,бидејќи прв пат пробувам тука во Естониа и за мене е прекрасно чувството кога учиш нешто ново.

Бев и на два курса,од кои едниот беше учење како можеш да направиш торба од весници,значи од искористен материјал,додека да ги фрламе,можиме рационално да го искористиме,и успеав во тоа ја направив торбата од весници,беше доста интересен курс.Исто така бев и на друг курс каде што правевме глава од пластелин,и на го пропуштив ни тој курс каде што пак добив сертификат,и направив човечка женска глава,за која сите ми рекоа дека личела на мене.

Зимски заледени игри во Парну...


Ах да започна програмата оваа зима на која што и ние можевме да присуствуваме,тоа беше зимски игри во Парну што се организирало секоја година,така што оваа година тоа беше точно пред денот на независноста на Естониа,така што две недели имаат зимски игри на отворено,во парк,како и во клубови,театри,концертни сали,....Така да видовме и присуствувавме на многу интересни настани.

Значи отворањето беше во Валикар паркот блиску,во центарот на градот,каде што имаа прекрасен огномет вечерта и отварање на зимските игри,имаа лизгалиште,балети,преку денот играа хокеј,џез фестивал во Ендла театарот,класични концерти,драми,филмови во кинотека,и така почнавме да бидеме активни секаде,да посетуваме различни културни манифестации,и да гледаме интересни игри,забави во клубовите,и нормално на работа од понеделник до петок.

И морам да спомнам дека исто така имавме можност да одиме на класичен концерт,кој се оддржуваше во Концертна сала во Парну,исто во центарот на градот,за каде што имавме ВИП влезници,Uudo ни ги даде,но интересното беше што пред да одиме на концертот,требаше да си купам чевли,се разбира класични црни потпетици,и нормално да се дотераме,бидејќи таму ќе има луѓе од повисоката класа,уметници,претседатели,директори,сепак е класична манифестација на ниво.Kadi ми помогна околу изборот на чевли таа и ми покажа од каде можам да си купам,бидејќи сеуште не знаевме за продавниците и каде можам да најдам за добра цена добри чевли.Како и да е,си купив чевли специјално за концертот,се спремивме и заминавме на концертот,прекрасни импресии од таму,иако програмата беше на естонски јазик,можевме логички да сфатиме дека делеа награди,имаа изведби малечки дечиња,оркестарот,како и два прекрасни вокали,млад дечко и една млада девојка,кои ме воодушевија со прекрасните изведби,и на крај во коридорот од големата сала,имаше коктел,како шведска маса,солено,благо,вино,и кафе и чај.Прекрасен помин!

алармантна сосотојба во Естониа,многу ладно време


Викендот беше ужасно страшно ладен,состојбата беше алармантна,и ние исто така ја запознавме Helin,ќерката на Uudo,и таа исто така несебично,и доста љубезно ни помогна да си купиме храна и потребни работи од маркет,така што бевме заедно со нејзе во кола,нели доста ладно време,но и дека купивме доста многу работи не донесе до домот каде што живееме,и не предупреди дека ако сакаме да преживееме овој викенд да останеме дома и да не излегуваме надвор затоа што прогнозата на вестите била доста алармантна и прогнозирале најладен викенд во Естониа до -33,што и е прилично застрашувачки ладно.

Тој викенд јас си останав дома,ниту имав голема желба да излезам надвор,затоа што студот не можев да го поднесам,иако снежната идила беше прекрасна,се беше бело,куќите,улиците,парковите,дрвјата,реката и морето заледени и глетката беше неверојатна баш како од бајките,но сепак поубаво е чувството кога седиш дома на топло и уживаш додека надвор е ладно и не е баш погодно времето за шетање.

Иако ладното време траеше цел Февруари,па и Март,што е типично за Естониа,балтичка северна земја,не не спречуваше да излеземе надвор и да се расшетаме малку и да видеме некои местенца низ Парну,да го запознаеме Парну во зима,да сликаме,да уживаме во снегот,просто да уживаме во зимата во Естониа,во оваа балтичка прекрасна и интересна земја.Но најважно е што иако беше ладно ја посетивме плажата,додека студентите имаа зимски игри баш тој период,и ние иако замрзнати заедно со Kadi и Pierre се шетавме наоколу и уживавме во ладното време и рајската бела убавина што не опкружуваше од секаде,како и заледеното балтичко море.


Запознавање на Парну,првиот ден на работа,...


Појдовме во Nooruse Maja-во превод што би значело Невладина организација или културна куќа,или приватно школо,кое има разни секции,како приватни часови за странски јазици,за танци како-фолклорни танци,модерни танци,балети,латино танци,зумба,часови по порцелан,драмска секција,часови по компјутери,и многу други културни активности.Ја разгледавме,внатре,пријатна атмосфера за работа,ги разгледавме училниците,коридорот,канцеларијата во која повеќе од времето ќе го поминуваме таму заедно со Uudo,неговата сопруга Kaie,секретарката Helin,јас и се разбира другиот волонтер Pierre.Ми се допадна ентериерот во куќата,на два спрата е и дизајнот внатре беше складен  во однос на градбата на куќата,боите се вклопуваа,исто така имаат и кафетерија со шанк,и мини кујна каде што ќе можеме да јадеме,исто така имаат и благи,солени јадења како и безалкохолни пијалаци за децата и за учителите за време на паузите,и задолжително чај,и кафе.

Вработените што ги запознавме беа љубезни и фини,исто така запознавме некои и од учителите таму,па и веднаш добивме и покана од професорот Batler,по социјологија од колеџот Тарту,кој што не покани да одиме со него веќе третиот ден,и да го разгледаме колеџот како и да се претставиме заедно со Pierre пред тамошните волонтери и студенти,и да им кажеме и појасниме зошто сме тука,импресии,како и кратки биографии за нас и за нашите животни искуства од минатото од каде што доаѓаме.Можам да кажам дека убаво си помнавме,луѓето внимателно не слушаа,беа заинтересирани,ни поставуваа прашања,и после тоа оставивме контакти,за во случај полесно да запознаваме луѓе,но и доколку се заинтересирани за нешто,да имаат контакт како би не информирале.Така да веднаш примивме емаил од една многу фина млада девојка,студентка како и волонтерка Kadi која ни беше првиот пријател што го запознавме во Парну,и која несебично се понуди да ни биде водич,и да ни помогне доколку нешто не ни е јасно или нешто ни треба,дуру да се снајдеме,или пак сакаме да посетиме места и да го истражуваме и запознаваме градот,па да знаеме и да имаме во предвид дека е таа тука во секое време за нас.

После тоа само се молев Pierre да стигне побрзо,затоа што не можев веќе,бев преуморна,пред мене само замислував кревет и посакував да потонам во длабок сон,бидејќи ко за прв лет и прво патување ми се собраа премногу часа,плус и чекање,бев навистина изморена дури и не чувствував дека сум присутна таму туку некаде во свемирот.

Времето во Естониа не сакате да знаете какво беше,ладно се разбира сто би рекле ние камен ладно и тоа премногу како температурата да беше -40 така се осеќав,и доколку сакаш да преживееш тогаш биди некаде засолнет.

Појдовме и до еден маркет да купиме нешто за јадење,и кога конечно пристигна Pierre,се прибравме во колата на Uudo и тргнавме за Парну каде требаше да живееме цели 8 месеци во тоа гратче.Бидејќи бев прекапана,спијав цел пат во колата од Талин за Парну,скоро 2 часа возење,и стасавме околу 23 часот вечерта,и дури си ги видовме собите,накратко се запознавме и со Pierre,и бидејќи бевме гладни пробавме малку од храната,и се што посакував во тој момент беше само да си легнам и да заспијам затоа што не можев повеќе...и така и направив!

Значи се сместивме се средивме,сето тоа беше брза процедура,и вториот ден веќе во Естониа поточно во Парну,требаше да бидеме подготвени и разбудени утрото,бидејќи Uudo ни рече дека ќе не земи со колата и дека ќе не однеси на работа да го видиме местото да ни го објасни патот  кај седиме и накај треба да се движиме секој ден кога ќе одиме на работа,ни објасни и некои поважни работи,за да ни биде полесно,се разбира ни даде и мапи за полесно ориентирање и полесно запознавање на градот во кој ќе живееме.


Чекор по чекор...


Ужасно време кога одев на аеродромот од Прилеп за Скопје,ладно снежна бура,и тешко прооден пат.Тргнавме вечерта пред полноќ,се разбира со моите родители,имавме искуство по патот,но среќа стасавме без проблем на аеродром,летот ми беше во 4 :30 ,така што стасавме на време,се поздравив со моите и полетав прво за Прага па 5 часа чекање во Прага,се прекачив и стасав во 14:30 Естониа.Таму ме пречека директорот,го препознав по профилната слика од facebook J ,се запознавме конечно во живо,и се договоривме да одиме во еден мол и да го чекаме другиот волонтер кој е исто така заедно со мене во овај проект…

Упс се извинувам што не спомнав,да значи не сум сама во ова,ме одбраа мене заедно со Pierre-Marie од Франција,и со него бев во контакт пред да се запознаеме,и се договаравме кога ќе се тргнува,кога ќе се стасува,буквално за се,па затоа бевме со Uudo –директорот во молот и мораше да го чекаме Pierre од 14: 30 до 20: 30,така што имавме цели 5 часа да се запознаеме,да шетаме низ молот,да јадеме нешто,да разговараме,дури и да се досадуваме дури го чекаме Pierre J .

Да тоа беше интересно,но како што ќе потенцирам,што и да е се е искуство,и остаува во сеќавање,иако не бев одморена и наспана скоро една недела,растрчана насекаде,збунета,и малку чудно но сепак интересно чувство и доживување дека прв пат летав со авион,но сепак се беше како што треба,без никакви проблеми на аеродром,зошто и тргнав на слепо на 3 месеци,надевајќи се дека ќе ме израдуваат од Бугарската амбасада со позитивен одговор.

Летот беше прекрасен,и двата лета си седев сама,и тоа до прозорец,многу возбудлива и интересна,минијатурна,воодушевувачка глетка на светот...

Но да се навратам на запознавањето со Uudo,исто така беше супер,премногу фин,стабилен човек,либерален,зборувавме на различни теми,работа,образование,фамилија,искуства,религија,за културата во мојата земја,итн нели 5 часа чекање.Се рашетав по продавниците,колку да ја споредам цената на облеката во Естониа и Македонија,па и доста солена цена можам да кажам.


Monday, May 7, 2012

Како почна се?!


Значи прво: Како испадна да одам за Естониа!Баш како на лотарија!Значи летото 2011 аплицирав за ЕВС проекти,желбата ми беше дека можеби ќе ме одберат за Германија,но скоро сите организации ми вратија негативен одговор,но затоа спротивно од тоа ме примија во Грција,Романија и Естониа.
После тоа требаше да одлучиме со мојата организација,се разбира и со моја согласност,каде ќе праќаме парт 3. И од кога ги елиминирав Грција и Романија,остана Естониа,не ми беше битна баш земјата,затоа што каде и да одберев скоро секаде ќе ми беше слична работата,сите три земји ми ги поставуваа сличните услови,моето СВ се пронајдуваше скоро секаде па Естониа ми беше некако најразлична во споредба со мојата земја како и најдалечна,и на крај се решив да заминам и да почнам со подготовки,после интересниот повик што го добив од Естониа едно саботно утро,директорот ми звучеше доста сериозен и заинтересиран,па така и започнаа сериозните подготовки за Естониа.
Моите родители сеуште не знаеа ништо,но и официјално дознавме после мојот роденден,месец Октомври,дека Националната Агенција не примила за проектот и ни го одобриле,што значеше дека можеме да стартуваме...
Јас требаше и да аплицирам за виза,бидејќи Македонија не е во Европска Унија,и тоа не во Македонија туку во соседна Бугарија,бидејќи во Македонија немаме амабасада на Естониа,само конзулат,и тие немаат право да даваат визи.
Значи бев Бугарија,аплицирав за виза за осум месеци,бидејќи проектот е осум месеци,од 02.02.2012 до 01.10.2012.Подготовките си течеа беспрекорно,мојата организација заедно со организацијата од Естониа и јас постојано бевме во контакт,картата веќе и ми беше букирана во Декември и на 02.02.2012 јас требаше да бидам Естониа.



Родителите дознаа дури кога требаше да одам за Бугарија но не им беше баш јасно...И така 5 дена пред летот,трчав како без глава да се спремам,бидејќи не бев освестена и се ми беше како во сон, дека конечно треба да заминам на подолго време во сосема далечна и различна земја,прилично непозната,каде што никој не познавам,и каде што треба да сум сосема сама и оддалечена од моите родители,роднини,другари, пријатели...
Но ете и тоа се случи,се решив,заминав без размислување,го направив најголемиот и најхрабриот чекор реков конечно Да.
Сакам авантури,сакам да патувам,да запознавам нови луѓе,да пробам да работам во друга држава за да искусам како се одвиваат работите,да научам за  културата,традицијата,менталитетот,да посетам различни места,градови,знаменитости,да патувам од еден во друг град доколку имам можност и доколку сум слободна се разбира,но најважно од се да бидам задоволна како волонтер,да биде се во најдобар ред,да ми биде погодено сместувањето,луѓето со кои ќе работам,да се потрудам да внесам свежа атмосфера на работното место,да научам и некои нови работи,како и да се покажам во најдобро и позитивно светло,за да и тие бидат се разбира задоволни од мене.Со еден збор бидејќи еднаш ја имаш таа можност да си ЕВС- волонтер,па затоа да имам прекрасно и незаборавно искуство и доживување во Естониа.