Monday, May 7, 2012

Како почна се?!


Значи прво: Како испадна да одам за Естониа!Баш како на лотарија!Значи летото 2011 аплицирав за ЕВС проекти,желбата ми беше дека можеби ќе ме одберат за Германија,но скоро сите организации ми вратија негативен одговор,но затоа спротивно од тоа ме примија во Грција,Романија и Естониа.
После тоа требаше да одлучиме со мојата организација,се разбира и со моја согласност,каде ќе праќаме парт 3. И од кога ги елиминирав Грција и Романија,остана Естониа,не ми беше битна баш земјата,затоа што каде и да одберев скоро секаде ќе ми беше слична работата,сите три земји ми ги поставуваа сличните услови,моето СВ се пронајдуваше скоро секаде па Естониа ми беше некако најразлична во споредба со мојата земја како и најдалечна,и на крај се решив да заминам и да почнам со подготовки,после интересниот повик што го добив од Естониа едно саботно утро,директорот ми звучеше доста сериозен и заинтересиран,па така и започнаа сериозните подготовки за Естониа.
Моите родители сеуште не знаеа ништо,но и официјално дознавме после мојот роденден,месец Октомври,дека Националната Агенција не примила за проектот и ни го одобриле,што значеше дека можеме да стартуваме...
Јас требаше и да аплицирам за виза,бидејќи Македонија не е во Европска Унија,и тоа не во Македонија туку во соседна Бугарија,бидејќи во Македонија немаме амабасада на Естониа,само конзулат,и тие немаат право да даваат визи.
Значи бев Бугарија,аплицирав за виза за осум месеци,бидејќи проектот е осум месеци,од 02.02.2012 до 01.10.2012.Подготовките си течеа беспрекорно,мојата организација заедно со организацијата од Естониа и јас постојано бевме во контакт,картата веќе и ми беше букирана во Декември и на 02.02.2012 јас требаше да бидам Естониа.



Родителите дознаа дури кога требаше да одам за Бугарија но не им беше баш јасно...И така 5 дена пред летот,трчав како без глава да се спремам,бидејќи не бев освестена и се ми беше како во сон, дека конечно треба да заминам на подолго време во сосема далечна и различна земја,прилично непозната,каде што никој не познавам,и каде што треба да сум сосема сама и оддалечена од моите родители,роднини,другари, пријатели...
Но ете и тоа се случи,се решив,заминав без размислување,го направив најголемиот и најхрабриот чекор реков конечно Да.
Сакам авантури,сакам да патувам,да запознавам нови луѓе,да пробам да работам во друга држава за да искусам како се одвиваат работите,да научам за  културата,традицијата,менталитетот,да посетам различни места,градови,знаменитости,да патувам од еден во друг град доколку имам можност и доколку сум слободна се разбира,но најважно од се да бидам задоволна како волонтер,да биде се во најдобар ред,да ми биде погодено сместувањето,луѓето со кои ќе работам,да се потрудам да внесам свежа атмосфера на работното место,да научам и некои нови работи,како и да се покажам во најдобро и позитивно светло,за да и тие бидат се разбира задоволни од мене.Со еден збор бидејќи еднаш ја имаш таа можност да си ЕВС- волонтер,па затоа да имам прекрасно и незаборавно искуство и доживување во Естониа.




No comments:

Post a Comment