Tuesday, May 8, 2012

Чекор по чекор...


Ужасно време кога одев на аеродромот од Прилеп за Скопје,ладно снежна бура,и тешко прооден пат.Тргнавме вечерта пред полноќ,се разбира со моите родители,имавме искуство по патот,но среќа стасавме без проблем на аеродром,летот ми беше во 4 :30 ,така што стасавме на време,се поздравив со моите и полетав прво за Прага па 5 часа чекање во Прага,се прекачив и стасав во 14:30 Естониа.Таму ме пречека директорот,го препознав по профилната слика од facebook J ,се запознавме конечно во живо,и се договоривме да одиме во еден мол и да го чекаме другиот волонтер кој е исто така заедно со мене во овај проект…

Упс се извинувам што не спомнав,да значи не сум сама во ова,ме одбраа мене заедно со Pierre-Marie од Франција,и со него бев во контакт пред да се запознаеме,и се договаравме кога ќе се тргнува,кога ќе се стасува,буквално за се,па затоа бевме со Uudo –директорот во молот и мораше да го чекаме Pierre од 14: 30 до 20: 30,така што имавме цели 5 часа да се запознаеме,да шетаме низ молот,да јадеме нешто,да разговараме,дури и да се досадуваме дури го чекаме Pierre J .

Да тоа беше интересно,но како што ќе потенцирам,што и да е се е искуство,и остаува во сеќавање,иако не бев одморена и наспана скоро една недела,растрчана насекаде,збунета,и малку чудно но сепак интересно чувство и доживување дека прв пат летав со авион,но сепак се беше како што треба,без никакви проблеми на аеродром,зошто и тргнав на слепо на 3 месеци,надевајќи се дека ќе ме израдуваат од Бугарската амбасада со позитивен одговор.

Летот беше прекрасен,и двата лета си седев сама,и тоа до прозорец,многу возбудлива и интересна,минијатурна,воодушевувачка глетка на светот...

Но да се навратам на запознавањето со Uudo,исто така беше супер,премногу фин,стабилен човек,либерален,зборувавме на различни теми,работа,образование,фамилија,искуства,религија,за културата во мојата земја,итн нели 5 часа чекање.Се рашетав по продавниците,колку да ја споредам цената на облеката во Естониа и Македонија,па и доста солена цена можам да кажам.


No comments:

Post a Comment