Friday, May 18, 2012


Ја претставив и групата,момчето и девојката кои изведоа три прекрасни песни,атмосферата беше интересна,уживавме во нивната интерпретација,и на крај им кажав дека сега може да се послужат со баклава и со солените топчињна кои беа поставени на масите,како шведска маса,и кој сака да си земе.

Јас искрено се чувствував исполнето,бев среќна,дека се излезе на крај како што треба,луѓето беа задоволни,ми дадоа прекрасни комплименти,исто така ме прашуваа и за Македонија,и многу ми значеше што беа доста заинтересирани,дури и спремни да дојдат и да ја посетат мојата земја.

Морам да спомнам дека две волонтерки не дојдоа поради оправдани причини,иако ги очекував и бев сигурна дека ќе дојдат,но како и да е ми се јавија и ми се извинуваа,и тоа за време на презентацијата,но морам да го спомнам моментот кога Kadri девојката од Парну,која очекував дека секако ќе дојде,го договаравме тоа долго време,и скоро само за тоа се зборуваше,и кога на крај од презентацијата дојде расплакана,и многу тажна дека ја пропуштила презентацијата,и дека го утнала часот,така беше растревожена,и чувствуваше вина,и плачејќи ме гушкаше,и ми се извинуваше,и ми даде прекрасно свежо цвеќе,и обетки кои сама ги изработува.
И така двете плачејќи се гушкавме и се тешевме,иако ја пропушти презентацијата,ја сватив на секој може да му се случи,па така да јас бев среќна и што дојде на крајот да проба нешто од храната,како и со тоа што навистина сватив дека на девојката и е криво што пропушти,но сепак се случува.

Полека се спремавме,средивме скоро се,и се договаравме да одиме некаде да се забавуваме,па Nik,ни предложи на сите да одиме кај него во куќата,да пијаме нешто и после тоа да одиме некаде во некој клуб,или во зависност од тоа што сакаме.

Сепак се собравме сите млади,и навистина си поминавме прекрасно,си поседивме,се смеевме,се запознававме меѓусебно сите,пеевме,пијавме,се расположивме така да навистина беше незаборавно,интересно,со еден збор прекрасно,па и продолживме во еден бар во центарот каде што ние со друштвото почесто си одиме и се чувствуваме како дома,бидејќи е мирно местенце,газдарицата не знае,и ни отклучува,кога одиме подоцна,или кога сакаме да останеме подоцна без проблем остануваме,и после некое пивце таму,си се вративме сите по дома.

Лудо и незаборавно,морам да признаам,гостите беа воодушевени од нашиот пречек,и за тие што првпат дојдоа,на некои не им беше прв пат,но сепак беа задоволни,а тоа беше најважно.

No comments:

Post a Comment