Friday, May 11, 2012

Животот во Парну...



Помина и тоа,што би рекле ние секое чудо за три дена,па сите се вративме по дома,и нормално пак секојдневната навика,на работа,дома,понекогаш,некаде на кафе,или прошетки низ Парну,понекогаш некои настани ако имаат,скоро секогаш бевме во тек,се разбира работиме во културна организација,каде што прво информациите пристигаат кај нас,флаери,постери,и така да знаевме што и каде има.
Ах да не заборавам,на работа не посетија новинари,со кои имавме интервју,и не фотографираа за во локалниот весник Парну,исто така дојде и друг новинар кој пишувал за цела Естониа, не само за Парну,така да имавме и второ интервју,и после тоа си го купивме весникот за спомен,што и како сме изјавиле.
Полека стекнувавме разни пријателства,запознававме се нови и нови пријатели,така што една вечер случајно се договоривме да имаме средба со некои млади луѓе кои уште не знаевме кои се тие,дека живееле во градот,работеле,па кога се работи за забава ништо не се одбива,така да во овај случај без размислување заминавме со Pierre,и многу лесно ја најдовме куќата,Dorota од Полска која ја запознавме баш во моментот,не пречека,и срамежливо влеговме во куќата.
Многу млади луѓе,и што бење најинтересно сите бевме од различни земји,а Естонци само двајца или тројца.Почнувајќи од нас,јас од Македонија,Pierre од Франција Nik од Хрватска,Bas од Холандија,Lina од Грција,Peter од Германија,Dorota од Полска, и Keijo,Siret,Indrek од Естониа,подоцна ги сретнавме и парот Toni од Америка, Paul од Англија.Можам да признаам многу интересни луѓе,така брзо се вклопивме во дружбата,што скоро секој викенд организиравме нешто,дали кафе некаде,дали вечера,дали во некој паб да гледаме фудбал,или во куќата на Nik,или пак некаде шетавме,местото и баш не ни беше важно кога сите сме тука заедно.
Многу често и се запознававме со други луѓе пријатели на нашите пријатели,кои ги посетуваа,значи не бевме сиромашни од таа страна,бидејќи моето мото е секогаш дружи се со луѓето,и имај добри пријатели околу тебе,тоа значи,и јас искрено не можам да живеам ако немам никој околу мене, па макар и еден да биде...Но што повеќе,толку подобро,многу ми беше мило што ме прифатија лесно,и сакаа да се дружат цело време,разговаравме,и што најмногу ми се допаѓа што секој си има некаква обврска и не е безделничар,и не се личности кои сакаат само да излегуваат,да пијат,и да прават глупости...напротив доста паметни,да можеш да разговараш со нив на секоја тема,како со возрасни,и стабилни личности,да учиш од нив,да дознаеш нешто за нив интересно,повеќето имаат многу шетано,низ светот,во секој случај да биде позитивно,и добро за нас. Понекогаш со Nik си имавме secret language,бидејќи јас разбирам хрватски исто така можам и да зборувам,така да некогаш кога сакаме да се нашалиме правиме шеги,или се трудиме да ги научиме нешто и другите.


Животот тука во Естониа,си течеше,спонтани ситуации,и доста интересни и различни,во секој поглед,се беше релаксирано и интересно,почнавме да се навикнуваме,и да се чувствуваме како дома.Нормално ми недостигаше Македонија,градот Прилеп,а најмногу фамилијата,но исто како да бев со нив затоа што многу често се слушав со нив на skype,сега се е полесно кога имаш интернет 24 часа нон-стоп,па така да,си помислив сепак овај е и мој живот,мое искуство,и нормално да не мислам на тоа кој колку ми недостига,сега сум овде и треба да сум до Октомври,така да треба што можам повеќе да уживам во животот и каде што се наоѓам моментално,да уживам во моментот,сегашноста.

No comments:

Post a Comment