Friday, May 18, 2012


На работа почнавме да се трудиме повеќе,јас почнав да и да посетувам еден психијатриски центар,и да работам со луѓе со посебни потреби,со различни дијагнози,па му давав часови Зумба,релаксација со музика,работам со нив,зборувам на секакви теми,затоа што повеќето од клиентите и знаат англиски и се трудат со мене да зборуваат на англиски,исто така играме игри,се дружиме,цртаме,правиме некои интересни уметнички дела,имаме часови по спорт,имаат секакви терапии,за релаксирање,Гонг-терапија,како и да е времето таму ми е прекрасно поминато,затоа што луѓето се навикнаа на мене,ме обожаваат,што и не е баш лесно да работиш со такви луѓе,повеќето од нив се нервозни,или стануваат понервозни па затоа треба да си трпелив и да ги ислушаш. 

Како и да е си поминувам интересно таму,ме исполнува тоа што работам со нив,искуство плус во животот,и не ми е тешко,единствено што треба секој ден да си со нив расположен,насмеан,полн со позитивна енергија и да ги мотивираш и нив да да работат,или да те послушаат,и полека да растат чекор по чекор,и да учат нешто,затоа што нив им треба подолг временски период.
Па така го поделивме работното време два дена во Паевакескус-центарот,и другите денови кај мене на работа.

Таму запознав многу млади практиканти,социјални работници,психолози,па се дружиме за време на паузите,и исто така на 1 Мај очекуваат да им дојде волонтер како нас од Шпанија кој ќе биде 4 месеци во Естониа.

Со Uudo и Pierre бевме заедно и на еден сaем,имаа програма, и ние како организација да се претставиме таму со флаери,брошури,постери,како и порцелан,дека се изработува и дека исто така има курс по порцелан.
И таму си поминавме онака интересно,како за недела утро,иако сакавме да останеме да спијаме дома,сепак требаше да одиме.

Гледавме разни дечиња,разни групи,имаа интересна програма и на крај нормално настапија Voice of Voices,рок групата од Парну,која ни е омилена,и постојано ги следиме нивните концерти.

Ах и да не заборавам,нели Естонците многу многу и не веруваат во Бог,не се религиозни,ниту пак во црква одат,па затоа за Велигден овде не е толку традиционално да го слават како кај нас,па да шараат јајца,да можеби некои од Русите но од Естонците не,па затоа бевме на ручек-вечера,за Велигден,но тие го нарекуваа ручек за Божиќ,бидејќи Uudo немал можност да се соберат за Божиќ, некои од вработените,тоа испадна баш за Велигден,и ние исто така бевме со нив,во еден ресторант,и таму си поминавме прекрасно,па после тоа во Ендла театарот на монодрама и тоа на естонски.Иако ништо не разбиравме сепак и ние се смеевме,нешто ни преведоа,и така ја свативме суштината на смешната монодрама.

После тоа ние со Pierre продолживме кај Siret, дома бидејќи така бевме договорени да се собереме друштво кај нејзе,и најинетерсно беше што навистина овај Велигден овде беше како Божиќ,не како Велигден,средина на Април месец,и очекуваа сите да биде потопло,и да дојде пролет,но сепак ноќта кога си одевме за дома снег до колена надвор,веднаш се присетивме на времето кога стасавме овде во Февруари...Чудно,време,но за нас, за Естонците нормално...

No comments:

Post a Comment