Tuesday, May 8, 2012

Изненадување,запознавање со пријатели...интересни настани...


Баш за изненадување можам да кажам дека од кога стасав во Естониа многу пријатели и ме побараа на facebook од кои случајно го запознав и Македонецот Дени од Гевгелија,и толку многу се изненадив што не ни верував дека некој ќе запознаам баш од Македонија.Но ете и тоа се случи се најдовме,на facebook преку Естониа ЕВС групата,нели facebook ги зближува луѓето,па така и Дени ме најде и ме праша зошто сум тука,што правам,,,и ред други прашања.Од кога се расприкажавме и  откривме работи за себеси,го поканив да дојде во Парну,да се запознаеме во живо да се запознаеме во живо,и да биде и тој дел од тие зимски игри.И така професорот Дени по англиски,кој исто така бил и волонтер како нас пред две години во Талин,дојде викендот ме посети и си поминавме прекрасен викенд во Парну,се разбира заедно со  Pierre.Тој викенд се запознавме и со други волонтери од Луксембург кои беа дојдени од Талин да го посетат Парну,па и не е чудно што луѓето од други држави лесно се пронаоѓаат меѓу себе.

Тој викенд присуствуваме на дента на независноста на Естониа 24 Февруари,кога во Валикар паркот имаше поставено сцена и ја изведуваа химната,познатата рок ѕвезда во Естониа Tanel Padar,имав многу слушнато за него,исто така бевме и на неговиот концерт во еден познат ноќен клуб во Парну Sugar club,и си поминавме прекрасно,а да не заборавам но за ручек морални и обавезно беше да го однесиме Дени во пицеријата Стефани,која е најпознато и најдобро место во Парну,и прават највкусни пици,па луѓето во Парну велат ако не појдеш и не пробаш пица од таму,исто како да не си бил во Парну.А бидејќи ние бевме уште кога стасавме,и имавме искусено,морав да му предложам и на Дени,како мој гостин а јас како домаќин,и нормално да биде задоволен од викендот во Парну.

Ах да не заборавам,морам да спомнам дека имавме и инетресен час по готвење,со Paul Senosi,кој што е од Јужна Африка,но живее во Талин,и е перфектен кувар,им дава приватни часови на студенти како да готват,исто така е и професор по англиски јазик,па Uudo го покани во Парну да дојде и да видеме како изгледа еден час со него.Но и морам да спомнам дека Pierre обожава да готви,и готвењето му е специјалност,па бевме сите заедно,скоро десетина,и плус некои нови луѓе кои и ние ги запознавме таму,и часот беше доста интересен,бидејки почнавме околу 20: 00,Paul ни покажа само кој што има обврска не подели кој што да работи,јас и Pierre го правевме десертот,торта како сладолед од карамел,и можам да признаам дека беше премногу вкусна,имавме различни видови меса приготвени  на различни начини,и скоро во се како традиција стававме рузмарин.Вкусот беше доста јак,и кога завршивме со јадењето,масата ја поставивме и седнавме сите заедно,да пробаме од храната приготвена на Африкански начин.Да беше различна,посебно во споредба со мојата држава,и премногу јадење за само вечера,што се однесува до мене јас искрено колку и да сакав не можев да пробам од се и да мешам затоа што сепак и не е наш стил,не сум навикната,но како и да е итересно беше,чуден вкус бидејќи храната иако беше со месо и зеленчук,сепак имаше сладок вкус и јак вкус од рузмаринот,но за десертот немам зборови,не дека ние го правевме но тортата беше многу лесна и слатка за јадење,што мене најмногу ми се допадна,можеби и дека обожавам слатки работи.И така добро најадени после интересна и долга вечер,и прекрасно бело и црвено африканско вино,и интересен разговор,во кој што уживавме,си поминавме невообичаена вечер со  Paul,и со останатите,во секој случај вечер за паметење!

No comments:

Post a Comment